
Како семејство, извесен период, не бевме свесни колку е вреден занаетот (сапунот) на нашите претходници. Дознав дека мојата баба правела сапуни. Ги изработувала рачно, од животинска маст и лој. Тоа го научила и наследила и мајка ми. Се сеќавам почнав да користам сапун кој мајка ми го направи пред неколку години. Тој и по толку време, сé уште, беше употреблив иако во него немаше ниту мирис, ниту билни додатоци. Сапуните ги употребувавме за повеќе намени и сите во семејството имавме здрава и убава кожа. Во тој период, немав намера да се занимавам со производство на сапун. Туку што бев дипломирала на правен универзитет, отсек Меѓународни односи. Но, се соочивме со многу сериозен проблем со кожата на нашите деца. Кога ги користевме комерцијалните сапуни, на нивната кожа се појавуваше црвенило и чешање веднаш после секое капење со сапун.
Тоа, верувајте, беше резултат на агресивните средства за лична хигиена кои се декларираа како бебешки, но всушност беа полни со хемикалии. Затоа одлучив да истражам како може да се направи сапун со убав мирис и боја, притоа да не биде детергент како индустриските сапуни. Посетив неколку специјализирани обуки за изработка на природни сапуни и природна козметика. Откако научив, изработив неколку парчиња и по извесен период на користење од членовите на семејството, роднините и пријателите, добив несебична поддршка да го основам брендот Данини.
Јас бев воодушевена од моите производи, од мирисот на етеричните масла и моќта на билките. Природните сапуни рачно почнав да ги изработувам во 2015 година. Истражував и изработував сапуни скоро цела година и на 22 ноември 2016 година официјално ја регистрирав компанијата Данини која работи и денес. Почнав да работам со компании, да изработувам сапуни по нарачка, за подарок и лична употреба. Почнаа да се враќаат задоволни клиентите и да добивам уште поголема мотивација и енергија за поголеми потфати. Си ветив дека ќе работам на подигање на свеста за користење на природни производи и еколошка свест да ја спасиме планетата од пластичната амбалажа.
Исто така, сум свесна дека поради брзиот начин на живеење и борбата за подобар живот, честопати, забораваме дека нашето здравје и здравјето на нашите деца треба да биде приоритет. За добро здравје многу е важно како се храните. Но, исто толку важно е и како се грижите за хигиената на Вашето тело. Таа треба да биде секојдневна, бидејќи се работи за најголемиот човечки орган -КОЖАТА. А бидејќи е секојдневна треба да се употребува безбедна козметика што ги подржува природните функции и процеси на кожата и не предизвукува здравствени нарушувања меѓу кои и канцерогените.
Мојот личен став е дека најдобриот начин на лекување е превенцијата.Природните производи ги превенираат алергиските реакции, иритации на кожата кои ги создаваат индустриските производи.Природната козметика дефинитивно може да лекува со тоа што го следи биолошкиот ритам на нашата кожа и ги поттикнува самокорективните функции. Со оглед на тоа што нашата кожа е одговорна за целиот организам, а освен тоа како орган има и сопствени функции, многу е важно да се поттикне нејзиниот природен начин на функционирање, а не дополнително да се оптовари. Кожата се третира како целосен орган и природните козметички производи имаат задача да ги активираат нејзините функции со што кожата ќе стане здрав орган способен самиот да ги надминува сите неправилности.
Природната козметика не создава зависност на кожата , туку
ги ревитализира и хармонизира духот и телото.
Голем дел од клиентите кои ги имаме се јавуваат бидејќи
веќе имаат некој кожен проблем или сакаат да научат како
сами да си направат сапун.
Така дојдов до идејата да почнам со одржување на обуки за
изработка на природни сапуни.
За период од една година имам одржано многу обуки со
физичко присуство и online.
Заради неможноста да одговорам временски на сите мои
ангажмани одлучив да ги снимам обуките со видеа и да
можам да ги пласирам во цел свет.
Научи занает повреден од “ЗЛАТО” и биди чувар на сопственото здравје.
СРДЕЧНО ВАША, Даниела