Услови за користење

Друштво за производство, трговија и услуги „ДАНИНИ ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА ДООЕЛ“ (во понатамошниот текст: „компанијата“) ви овозможува користење на услугите и содржините на својата интернет страница daninicourse.com, кои се регулирани со овие Услови за користење и важат за сите содржини, страници, домени и поддомени во сопственост на компанијата.

Со користењето на веб-страницата, нејзините содржини и услуги, корисниците потврдуваат дека се запознаени со овие Услови за користење и со Политиката за приватност и дека ги прифаќаат во целост.

1. Опис на услугите

Компанијата им овозможува на корисниците преку веб-страницата да се информираат за понудата на курсеви, да стапат во контакт со претставници на компанијата за дополнително информирање, купување, испорака, сервис и други услуги, како и за остварување на правата од Законот за заштита на лични податоци.

2. Забрани за корисниците на веб-страницата

Корисниците не смеат да:

  • пласираат содржини кои ги кршат законите, се навредливи или вулгарни, оштетуваат компанијата или другите корисници, вклучително лажни или провокациони содржини;
  • манипулираат со лични и доверливи податоци или лажно се претставуваат во име на друго лице;
  • споделуваат промотивни материјали, „спам“, верижни писма, лажни тврдења;
  • вметнуваат компјутерски вируси или други злонамерни програми со цел уништување или ограничување на работата на софтвер/хардвер и телекомуникациска опрема.

3. Отстранување на несоодветни содржини

Компанијата има право, без претходна дозвола или известување, да ги отстрани содржините кои не ги почитуваат овие Услови за користење.

4. Промена на содржините на веб-страницата и услугите

Компанијата може без претходно известување да изврши временски или трајни промени на делови или целата содржина на веб-страницата. Компанијата не одговара за технички или печатни грешки.

5. Промена на Условите за користење

Компанијата го задржува правото да ги измени овие Услови во било кое време без одговорност за последици. Промените стапуваат на сила по нивното објавување, а корисниците ќе бидат известени при следниот влез на веб-страницата.