Политика за приватност
Во согласност со Законот за заштита на лични податоци, Друштво за производство, трговија и услуги „ДАНИНИ ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА ДООЕЛ“ (во понатамошниот текст „контролорот“) ја објавува оваа Политика на приватност која има за цел да послужи при информирање на посетителите на веб-страницата daninicourse.com и за обработката на лични податоци.
1. Цели за обработка, обем и начини на спроведување
Предмет на оваа обработка се податоци за посетителите/корисниците на веб-страницата (субјекти на лични податоци).
Сите податоци се чувани со цел да се спречи губење, уништување, фалсификување или неовластен пристап. Вработените во контролорот се обврзани на доверливост и применуваат технички и организациски мерки за заштита.
Податоците се обработуваат само колку што е потребно и доволно за остварување на целите, согласно законската регулатива.
3. Директен маркетинг
Лични податоци за директен маркетинг се собират единствено по изразена согласност. Секој корисник може во секое време да ја повлече согласноста.
Податоците се чуваат додека не се повлечени од страна на корисникот.
4. Права на субјектите на лични податоци
Секој субјект на лични податоци има право на:
- Пристап до личните податоци и информации за нивната обработка;
- Исправка или бришење на неточни или застарени податоци;
- Ограничување или повлекување на согласност за обработка;
- Преносливост на податоците и жалба до надзорен орган.
Барањата се одговараат во рок од 15 дена бесплатно, освен ако се непотребни или прекумерни.
5. Пренос на податоци во други земји
Хостинг-провајдерот е македонски застапник на германски хостинг кој ги исполнува законските норми за заштита на лични податоци.
6. Согласност и промена на условите
Користењето на услугите подразбира согласност со оваа Политика. Контролорот го задржува правото да ја ажурира и објави нова Политика, која стапува на сила веднаш по објавувањето.
7. Контакт
За прашања и барања во врска со заштитата на лични податоци може да се обратите до:
Офицер за заштита на лични податоци: Даниела Павловска
Е-пошта: daniela@danini-cosmetics.com
Друштво за производство, трговија и услуги „ДАНИНИ ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА ДООЕЛ“ Македонска Каменица
- ЕДБ: 4063016501685
- ЕМБС: 7166010
- Седиште: ул. Александар Македонски бр. 40, Македонска Каменица, Република Северна Македонија
- Датум на основање: 17.11.2016
- НКЗ: 20.41 – Производство на сапуни и детергенти, препарати за чистење и полирање
