За курсот
ДОБРЕДОЈДОВТЕ повторно во ПРИРОДАТА – погледнете поблиску како се произведуваат ДАНИНИ – рачно изработени САПУНИ по традиционален рецепт
Обука 2
Онлајн ПРОГРАМ за совладување на ЗАНАЕТ што вреди злато.
Во оваа програма ќе научите како да направите глицеринска база која може да се пакува и продава како готов производ или да се стопи и да се формулираат глицерински сапуни во различни форми со додавање бои, билки и етерични масла. Ќе го совладате целокупниот процес преку видео во кое детално се објаснува секој чекор.
Не е потребно претходно искуство, туку само желба да ја доживеете радоста од создавање сопствени глицерински сапуни за лична хигиена на вашето семејство и најблиски.
Без разлика дали сакате да направите само неколку серии сапуни или имате желба да започнете сопствен бизнис со сапуни, оваа обука е совршена можност за остварување на вашата цел – создавање уникатни парчиња уметност.
Програмата се состои од теоретски и практичен дел, кои вклучуваат:
Практичен дел
Процес на изработка на глицеринска база и формулација на глицерински сапуни Видео: 32:19 мин.
Теоретски дел
Содржина:
– Како се прави глицеринска база и како се топи
– Кратко воведување
– Потребна опрема и суровини
– Својства на маслата
– Процес на изработка на глицеринска база
– Растворување на глицеринската база
– Додавање боја во сапунот
– Додавање етерични масла и нивна доза
– Етерични масла – потекло, латинско име, метод на екстракција, вид и мирис, придобивки,
дозирање во природен сапун
– Вадење на сапунот од калап
– Сечење на сапунот
– Пакување
– Декларација
– INCI – Меѓународна номенклатура на козметички состојки
ПРИЈАВЕТЕ СЕ и бидете дел од нашата програма што ви нуди ВЕШТИНИ и ЗНАЕЊЕ претворени во готов производ.
Сертифицирана обука од успешна компанија и експерти со дологодишно искуство во занаетот и со спроведени бројни индивидуални обуки – со физичко присуство и онлајн.
По завршувањето на обуката, добивате СЕРТИФИКАТ за успешно завршена и совладана обука.
Содржина на курсот
Глицеринска база
-
Еп. 6 – Глицеринска база
32:20